Wednesday, March 11, 2009


Во богатото уметничко наследство на Македонија, покрај иконопиството и монументалното ѕидно сликарство, резбата зазема посебно место како значајна уметничка гранка со вековна традиција. За жал, поради трошноста и лесната запаливост на дрвото, предметите од овој материјал биле низ вековите повеќе подложени на пропаѓање и уништување, така што немаме зачувани поголем број постари средновековни творби во резба. Но, тие кои опстанале до нашите дни сведочат за нејзиното достојно уметничко ниво.
Најстари зачувани творби во резба кај нас потекнуваат од XIV век. Како и другите средновековни ликовни уметности, така и резбата во Македонија се развила под византиски влијанија. Средновековната резба имала сличност со декоративната пластика во камен од тоа време и се развила паралелно со неа. Орнаментите, мешавина на геометриски, зооморфни и флорални мотиви се аналогни со тие од барелјефите во мермер од тоа време. Од XIV век наваму, релјефната скулптура во камен опаѓа и неа ја заменува резбата во дрво.
Ранохристијанските камени олтарски прегради подоцна ги заменуваат во средновековните цркви иконостаси од дрво. Најстар иконостас од дрво во Македонија се наоѓа во црквата Мали Свети Врачи во Охрид, од кој се зачувани првобитните пет тордирани столбови. Рудименталната обработка на стеблото за овие столбови, асиментричноста на нивната декорација, орнаменталните мотиви - укажуваат на ранодатирање на овој иконостас (XIV век).
Средишниот преод од иконостасите кон олтарот бил првобитно покриен со завеси "Катапетазма," а потоа се затвора со царски двери, кои од XIV век наваму стануваат составен дел на иконостасот. На царските двери редовно се наоѓа композицијата на благовестение, кое порано било изведено во резба, а подоцна сликано.

Monday, March 9, 2009

Пирин-убавивни



































Планината Пирин е највисоката македонска планина.

Пирин има два врва над 2900 м (Вихрен и Кутело), седум над 2800 м, седумнаесет над 2700 м, 32 над 2600 м и 40 над 2500 м. Трите највисоки врва се мермерни, а највисоките гранитни врвови (Полежан и Каменица) се наоѓаат на странични кракови.
Вихрен - 2914 м (Мраморен дел)
Кутело - 2908 м (Мраморен дел)
Бански суходол - 2884 м (Мраморен дел)
Голем Полежан - 2851 м (Полежански дел)
Каменица - 2822 м (Каменички дел)
Малак Полежан - 2822 м (Полежански дел)
Голема Стража - 2822 м (Полежански дел)
Бајуви дупки - 2820 м (Мраморен дел)
Малка Стража - 2810 м (Полежански дел)
Јаловарник - 2763 м (Каменички дел)
Газеј - 2761 м (Полежански дел)
Кајмакчал - 2753 м (Полежански дел)
Голема Тодорка - 2746 м (Тодорин дел)
Бандеришки чукар - 2732 м (Северен централен дел)
Џенгал - 2730 м (Јужен централен дел)
Момин двор - 2723 м (Јужен централен дел)
Башлијски чукар - 2720 м (Северен централен дел)
Мала Тодорка - 2712 м (Тодорин дел)
Ченгелчал - 2709 м (Дебел рид)
Дисилица - 2700 м (Полежански дел)
Каменишка кукла - 2690 м (Каменички дел)
Куклите - 2686 м (Каменички дел)
Муратов врв - 2669 м (Северен централен дел)
Џано - 2668 м (Јужен централен дел)
Безбог - 2645 м (Полежански дел)
Сиврија - 2593 м
Синаница - 2516 м (Синанишки дел)








Friday, March 6, 2009


Шарпланинецот е овчарска раса на кучиња. Именуван е по планината Шара Телото му е тешко помеѓу 30 и 45 kg. Височината му е околу 70 cm, а градниот обем 120 cm. Се карактеризира со добродушност, лојалност кон својот сопственик, дисциплинираност, брзина и адаптивност. Покажува голема приврзаност и трпение кон децата.
Содржина


Потекло
Во минатото некои научници сметале, дека шарпланинецот потекнува од Азија, но сега најраспространето е мислењето, дека роднината му е на Балканот, а поточно во планинските масиви на Македонија- Шар Планина, Кораб, Бистра и Маврово. Шарпланинецот се прилагодил кон суровите услови на македонските планини, во кои живее со векови.
Според историските податоци се смета дека претците на шарпланинецот потекнуваат од Тибет, на падините на Хималајите. Од оваа географска територија, кучињата тргнале во бескрајно патување следејќи ги своите господари. Шарпланинецот стигнал на Балканот со војската на Александар Македонски каде и се задржал. Името го добил по планината кадее и највеќе одгледуван. Прв пат изложен е воЉубљана во 1926 година. Во 1939 година шарпланинецот е запишан под реден број 41 в списокот на меѓународната кинолошка организација (FCI), која ги регистрира сите раси на кучиња.

Карактеристики

Општи црти

Македонскиот шарпланинец Корабски првак на Европа за 2008 во конкуренција од 10.000 кучиња
Силно, добро градено куче, со височина над средната. Покриено е со долго, густо и изразито грубо крзно. По карактер е спокојно и добродушно, но е многу силно. Верно е на господарот и е бескомпромисно.
Средната височина до грбот е 62 см кај мажјаците и 58 см кај женките. Средното тело на возрасен мажјак е 35 и 45 кг, а кај женките — помеѓу 30 и 40 кг.
Телото му е малко подолго од височината до грбот (кај мажјаците: 8-10%, а кај женките: 10-12% подолго од височината до грбот).

Глава
Главата е пропорционална спремо размерот на телото и е долга приближно 25 см (или 40% од височината до грбот). Черепот е малко подолг од муцката, која е 58% од целата должина на главата (однод череп-муцка 58%:42%). Женските имат малку подолка муцка (однос череп-муцка 57%:43%).
Предната страна на главата (черепот) е широка, со испакната централна линија. Погледната озгора, малку е испакната и заоблена.
Областа помеѓу муцката и черепот (близу до очите) не е испакната.
Муцката е пократка од черепот, која во основата е поширока и постепено се губи кон врвот (носот). Ноздрите са правилни и широки. Профилот на долната челуст започнува со долга, права линија.
Носот е широк, со црн пигмент.
Усните се умерено полни, од која горната се издига над долната.
Забите се 42 на број.
Очи бадемови, темно или светлокафеави. Веѓите, како и носот, се обоени со црн пигмент.

Врат
Профилот на вратот е рамен или малку испакнат во горната страна и е малку над линијата на грбот. Вратот е средно долг, но поради густото крзно, кое го покрива, изгледа пократок и поширок. Поврзувачките точки меѓу телото и главата не се гледаат. Кожата не е обесена, а крзното е густо, долго и руновито, кој на вратот прави гриво.

Тело

Општ опис: профилот на горната страна на телото е прав или лесно издигнат. Телото е малку подолго од височината на грбот.
Рбетниот столб е малку испакнат и широк, а врската со врата е незабележителна.
Грбот е рамен и широк, не много долг. Страната на слабините е коса, широка и мускулеста.
Градите се широки и мускулести, имаат средна должина, а долната страна им стига до нивото на колената. Градниот обем е најмалку 20% подолга од височината до грбот.
Стомакот е стегнат и мускулест, во профил се издига назад.

Опашка
Опашката му е долга и достигнува до шепите. Во основата опашката е доста дебела, која постепенно се стеснува кон врвот. Покриена е со густо крзно, кое од долната страна е подолго. Опашката, кога е дигната, има форма на лак. Повеќето кучиња си ја завиваат опашката нагоре.

Предни нозе
Височината на долната страна на предните нозе до коленото е 55% од височината до грбот. Плешките се долги и широки, сврзани со градниот кош, лесно наклонети спрема хоризонталната коска под агол од 65°. Горната страна на предните нозе е мускулеста и е под поостар агол од плешките: 55° спрема хоризонталната коска. Аголот на коленото (меѓу горната страна на ногата и шепара) е околу 145°.
Шепите се силни и широки, озгора лесно подвиткани, оздола испакнати, а ноктите се здрави со црн пигмент.

Задни нозе
Горната страна на задните нозе е мускулеста, со силно заоблена мускулна структура. Пределот на коленото е поотворен отколку кај предните нозе: приближно 125°. Коленото е здраво и широко. Долната страна на задните нозе е цела со силна мускулатура.
Скакателната става е широка и отворена под агол од околу 130°. Горниот дел на задните шепи е малку повеже накосен одкколку кај предните шепи.

Кожа
Кожата е средно дебела, кукулеста и истегната по телото. Сите видливи делови на кожата и лигавица се обоени со темен или црн пигмент.

Бои
Шарпланинецот е еднобоен, со различни нијанси од бело до темно сиво, наместа и црно. Доминантната боја е поинтензивна во горната страна на главата, вратот и грбот. Од долната страна на телото бојата постепено избледнува до посветли нијанси — бледо сиво или жолтеникаво во долните страни на нозете.

Тело
Мажјаците тежат околу 35–45 kg, а женките 30–40 kg.

Охридска пастрмка, летница (Salmo Letnica, Karaman 1924), е еднемска форма која живее исклучиво во Охридско Езеро, а по вештачки пат во 70-тите години е населена во уште неколку езера, и тоа во Бајкалско Езеро (Сибир), Власинско Езеро, како и во неколку езера кои се наоѓаат по горниот тек на реката Тенеси, САД. Кај нас освен во Охридско Езеро се среќава и во езерата кои се дел од дримскиот хидросистем, односно во Дебарско Езеро и во езерото Глобочица. Охридската пастрмка е типичен претставник на фамилијата (Salmonidae) и се карактеризира со вретенесто тело, сразмерно голема глава во однос на телото, во устата има ситни заби накосени навнатре, чијашто функција е да ја задржат уловената храна за да не може да избега, односно служат за прифаќање на храната, а не за нејзино раскинување. Бојата не телото е кафеникава до темна, со различни нијанси на грбот, а на стомакот постепено преоѓа во сребреникава. По целото тело е ишарана со крупни црни и со ситни црвени дамки, кои може и воопшто да ги нема (најголемите најчесто се наредени по должината на бочната линија). Најчесто се среќава на длабочина меѓу 20 и 50 метри.
Поради големата длабочина на којашто живее, мимикријата кај овие пастрмки е послабо развиена отколку кај речните форми. На младите единки најчеста храна им се водените ларви, црви и другите ситни организми кои го населуваат езерото, додека со растот (некаде околу 3-4 година од животот, кога тежат 200-400 грама) стануваат предатори, и во таа фаза најчеста храна им се помалите риби, најчесто плашиците, иако неретко се хранат и со помалите единки од сопствениот род. Максималната тежина којашто ја достигнуват е десетина килограми. Се мрестат во периодот декември-февруари во притоките на езерото или на каменестото дно покрај брегот. Природниот мрест се одвива сe послабо, поради загадените корита на притоките на езерото. Оние пастрмки кои сакаат да се мрестат во близината на брегот најчесто стануваат цел на рибокрадците. Во езерото се среќаваат 3 форми на оваа пастрмка, кои се разликуваат меѓу себе само според времето и местото на мрестот.

Има повеќе видови пастрмајлии.... велешки, св. николски, пробиштипски, скопски.... итн... Рецептот варира... некои ја прават со јајца, некој во три слоеви (јајца, месо, сирење),

Штипска пастрмајлија (за 4 лица)


1 кг. брашно- свинска удина- 200 гр. маст- 4 јајца- пакетче квасец (25 грама)Додајте го растопениот квасец во брашното и со вода замесете средно меко тесто. Изработете го добро тестото и оставете го некое време да постои за да скисне. Потоа разделете го тестото на 4 еднакви дела, секој дел посебно расплескајте го како за не многу голема погача.Исечете го месото на ситни парчиња, посолете го и разделете го на 4 дела и ставете го на четирите пастрмајлии. Распоредете го месото врз целите кори, околу секоја кора направете витка од тестото, врз месото ставете парчиња маст и ако сакате црвен пипер. Ставете ги вака подготвените пастрмајлии во рерна да се печат на 250 степени. Откако ќе се потпечат малку на секоја пастрмајлија ставете по едно изматено јајце и вратете ги во рерната да се испечат. Се сервираат топли.


О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,
штом тапан ќе грмне со подземен екот -
во градиве зошто жал лута ме стиска,
во очиве зошто навира река
и зошто ми иде да плачам ко дете,
да превијам раце, да прекријам лик -
та гризам јас усни, стегам срце клето,
да не пушти вик.
О тешкото! Старци излегуват еве,
на чело им мисла, во очи им влага
и првиот чекор по меката трева
е мирен и бавен, со задржана тага.
Но 'рзнува тапан и писок се крева
и молња светнува во секој глед,
и напред се пушта, се стрелка, се слева
стегнатиот ред.
До старците момци се фаќаат скокум;
не издржа срце - сив сокол во клетка,
не издржа пламен жив потулен во око,
не издржа младост што сака да летне!
Се залула оро! Се заврте земја,
и чиниш - се корне стресениот век,
и околу трпнат ридиштата темни
и враќаат ек.
И божем се врасло кипнатово оро
со исконска сила за земјава наша
и во него шуми на реките зборот,
и во него рика див ветер и страшен
и во него шепнат узреани житја
и вечерен мирис се разлева тих,
и земјата дише во пролетна ситост
со запален здив.
И душата, чиниш, на родот мој мачен
во тешково оро се уткала сета -
век по век што трупал сè попуст и мрачен
од крвава болка, од робија клета,
век по век што нижел од корава мисла
за радосна челад, за слободен свет,
од песна - за љубов што гине со пискот
ко жерав во лет.
О тешкото! Кога во молк да те гледам,
на очиве магла ми напаѓа сура,
и одеднаш - в бескрај се растега редот
и ридја се губат в пустелија штура -
и еве кај иде од маглата матна
сè сенка до сенка, сè еден до друг -
во бескрајно оро син оди по татка,
по деда си - внук.
Времињата мрачни се нивното поле,
и нивната свирка - на прангите ѕвекот,
а главите им се наведени доле,
и покроце врват - сè чекор по чекор.
О времиња, што ве в мрак родот мој минал,
кој збор ќе ми најде за вашата стрв?
Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат
над пустош и крв?!
Кој број ќе ми каже на лутите рани,
на пламнати ноќи, на пеплишта пусти,
кој на срце болки ќе изреди збрани,
и на очи солзи, и клетви на усти?
О тешкото! Синџир ти беше на робја,
од калеши моми и невести ред.
со врзани раце во плен што ги погнал
насилникот клет.
О тешкото! Синџир ти беше на робја,
дур не стана народ во листена гора,
сè дури со јадот од векови собран
не поведе бујно, бунтовничко оро!
се залула танец низ крвје и огон,
и повик се зачу и грмеж во чад -
те разнесе сегде бунтовната нога
по родниот кат.
О тешкото! Сега по нашите села
во слобода првпат штом оро ќе сретнам,
зар чудно е - солза да потече врела,
зар чудно е - жалба јас в срце да сетам?!
Од вековно ропство, мој народе, идеш
но носиш ти в срце дар златен и пој.
Пченицата твоја триж плодна ќе биде,
И животот твој

Итар Пејо


Итар Пејо е еден од најпознатите ликови во македонски народни приказни, кој е многу омилен меѓу младите читатели. Итар Пејо, некаде познат и како Итроман Пејо или Итар Пејо - Мариоец е обичен сиромашен македонски селанец од Мариово кој се одликува со извонредна итрина, мудрост и снаодливост. Во приказните за него тој секогаш на итар начин им се оддолжува на тие што сакаат да му наштетат (обично турските големци), а неговите постапки често изнудуваат смеа и почит кај читателите. Најчест соперник во приказните на Итар Пејо е Насрдин Оџа, а Итар Пејо често ги насамарува и лакомите селски попови. За него има преку триесетина приказни кои во збирката “Итар Пејо“ најпрвин ги има собрано писатело Стале Попов (познат хроничар и раскажувач на Маријово). Последниве години на неколку пати повторно се издаваа дополнети збирки со приказните за Итар Пејо, а дел од приказните за него се преведени и на неколку странски јазици. Дел од приказните и доживувањата на Итар Пејо се и екранизирани (снимени). Според некои кажувања, личноста Итар Пејо навистина постоела и била од мариовското село Градешница.
Итар Пејо, попот и алвата
Итар Пејо бил измеќар кај некој поп. Тој секој ден правел алва, но еден ден направил толку многу што половина од алвата останала. Попот отишол да ги врши секојдневните обврски, но за да не ја изеде алвата Итар Пејо заканувачки му рекол:
-Во алвата ставив отров, немој да јадеш!
Итар Пејо знаел дека тоа е лага, дека нема отров во алвата и мислел како да ја изеде, а да не го кара попот. Мислел, мислел и се сетил. Ја зел секирата и ја скршил дршката, потоа ја зел алвата и ја изел. Кога дошол попот и видел дека ја нема алвата налутено го прашал:
-Каде е алвата?
Итар Пејо на тоа итро одговорил:
-Ја скршив дршката од секирата и сакав да се отруам со алвата за да не ме караш!
Царот со бавчанџијата
Еден цар си имал една бавча со секакви цвеќиња и овошки. Помеѓу сите дрвја имал и едно јаболкниче што беше го донесол царот од далечно место. И тоа јаболкниче му раѓало по едно убао јаболко ката утро, и сам царот одел та го кинал со раката своја.
Едно утро пред да дојдит царот да го скинит, пошло едно врапче и го исколвало со клунчето и го расипало. Го видел бавчанџијата, ама немал што да му сторит, откога беше го изело јаболкото.
Дошол царо да го скини јаболкото и го нашол исколвано. Му кажал бавчанџијата оти дошло едно врапче и го исколвало јаболкото.
Царот му рекол на бавчанџијата оти и пилето ќе си ја најдит бељата.
Другото утро пак дошло врапчето да го јадит јаболкото и веднаш една змија го клукнала врапчето и си пцовисало. И тоа го видел бавчанџијата и коа дојде царот да го кинит јаболкото, му кажал за сето што беше се сторило.
Пак царот му рекол:
- Змијата ќе си ја најдит бељата.
Другиот ден бавчанџијата како што копал на едно место со мотиката, ја пресекол змијата на две парчиња и утрото кога дошол царот да скинит јаболкото му кажал на царот оти ја отепал змијата со мотиката.
- И ти бељата ќе си ја најдиш - му рекол царот на бавчнџијата.
По неколку дни царицата пошла в бавча за да се капи во шадрванот со неколку алајки, ама на бавчанџијата беше му се кажало за да не седи в бавча дури да се искапит царицата.
Што ќе го дупнит бавчанџијата греот тогај? Ти се скрил во некој тревје спроти шадрванот за да ја види царицата кога ќе се капит.
Ватила царицата да се слечуат и, за пакос, една од алајките беше видела чоечки очи во тревјето.
- Честита царице - и рекла алајката - како очи чоечки онде во тревјето видов.
- Ја појди, мори, види - и рекла на алајката царицата - што ќе бидит?
Отрчала алајката и што ќе види: бавчанџијата, скриен во тревата. И кажала алајката на царицата оти бавчанџијата бил скриен и царицата пошла кај царо, та се оплакал за него оти да се крие и да е виде мршата.
Кога чул царот тие зборои, прати луѓе и со ќотек го донесле пред него.
- А бре бавчанџи, што е овој страм ти што ми донесе на царицата и мене? А, бре, бесрамнику, да би лебо мој да ти ватит очите и да би лебо мој ти влезе во забите! Не ти беше грев, на честа што ти а праам, не мислеше оти можат да те видат и после глаата ќе ти се земит?
Дал вик царот:
- Џелат, за овој бесрамник, нека му пресечит глаата!
- Аман, честити царе - му рекол бавчанџијата - прости ме, оти ѓаол, натемаго, ме излага како човек, после и јас се сторив пишман.
- Џелат! - царот пак свикал за да му сечит глаата, чунки царскио збор назад не се враќат.
- Арно, честити царе, ќе ме погубиш, туку треба да знаиш оти вие се што рековте, се за вистина излезе: рече за врапчето, и за змијата и за мене, оти ќе си ја најдиме бељата и за вистина си ја најдовме. Да мисли сега, честити царе, да не нешто и ти си ја најдиш бељата.
Коа чу царо тој збор од бавчанџијата, се смили да не си ја најдит бељата и го простил

Македонскиот ајвар е светски бренд. Вистински национален белег на Македонија. Еве еден рецепт:Состојки1 00 црвени пиперки (што „помеснати“ - тоа подобро) 400 ml зејтин2-3 лажици вински оцет (може и обичен) сол (по желба) За количина 13 тегли од 1 kg.Подготвување Пиперките треба да се измијат, избришат и испечат. Печените пиперки се ставаат во метален сад (може и најлонска кеса) и се покриваат со капак, за да се „спарат“ и потоа полесно да се лупат. Штом ќе се оладат, се лупат и им се вадат семчињата и дршките. Се ставаат во мрежеста вреќа и се закачуваат на некое место каде ќе можат да се цедат до следниот ден...Следниот ден се мелат во машина за месо и се ставаат во големо и широко тенџере, претходно премачкано со малку зејтин. Останатиот зејтин треба добро да се загрее, а потоа со него да се прелијат мелените пиперки. Пиперките така прелеани со зејтин и покриени со капак, треба да отстојат 15 минути. Потоа тенџерето се става на оган и се започнува со пржењето на ајварот. Ајварот се пржи на висока температура, со постојано мешање и тоа околу два часа од моментот кога ќе зоврие. Кога со дрвената лажица поминувате низ смесата и останува широка видлива трага – тоа Ви е доказ дека ајварот е готов.Кога е готов, се трга од огнот и се додаваат оцетот и солта. Откако добро ќе се промеша, додека е уште врел се сипува во врели, стерилизирани тегли (во рерна, околу 30 минути на 100 °C). При полнењето внимавајте да има празен простор од околу 1 сантиметар до врвот на теглата. Теглите, наполнети, вратете ги во рерна (100 °C) уште два часа. Кога ќе ги извадите, врз ајварот налејте уште по малку зејтин, затворете ги теглите со стерилизирани херметички (или други) капачиња, убаво завиткајте ги во некоја ткаенина (на пр. ќебе) и оставете ги да „отседат“ до следниот ден. Следниот ден ставете ги теглите

народни носии од Егејска Македонија







Носиите од Егејска Македонија се карактеристични по својот уникатен вез. Тие изгледаат помодерно и имаат големо влијание од западот.

Пиринска Македонија e дел од етничката македонска територија Македонија, кој по Букурешкиот мировен договор во 1913 година припаднал на Бугарија. Во антиката Пиринска Македонија најпрвин била дел од Пејонија и Тракија, а подоцна станала дел од царството Античка Македонија. Во римскиот период Пиринска Македонија доживува своевиден процут, за што сведочат повеќето археолошки ископини на атнички градови во близината на денешните градови Благоевград, Сандански и др. Во средновековниот период Пиринска Македонија била под власта на царот Самуил, Византија и балканските феудалци. Со доаѓањето на Турците, Пиринска Македонија бележи одредена стагнација, но сепак не го напушта својот непокорлив македонски дух. За време на Руско-турската војна во 1877-8 година, северниот дел на Пиринска Македонија ќе потпадне под руската окупациона зона, но по Берлинскиот конгрес ќе и биде вратен на Турција. На подрачјето на Пиринска Македонија е кренато Кресненското (Македонското) востание против османлиската власт во 1878/79 година со центар во Кресна, кое имало силен македонски национален карактер и цел да создаде независна автономна македонска држава. Кон крајот на XIX век на територијата на Пирин со својата чета ќе царува големиот македонски револуционер и великан Јане Сандански (близок соработник на Гоце Делчев и најголем борец против врховизмот) кој е познат под прекарот „Пирински цар“ и кој ќе го изврши познатото грабнување на протестантската мисионерка Мис Стон. По Втората светска војна во времето на владеењето на Георги Димитров, Македонците од Пиринска Македонија ќе добијат целосна културна автономија која требала преку законска рамка да прерасне во територијална и Пиринска Македонија да се обедини кон тогашната СР Македонија како кон матична држава во рамките на Балканската федерација.


Егејска Македонија (уште и Приморска или Беломорска Македонија) е дел од етничка Македонија и претставува 51% од географско-историската целост на Македонија во состав на денешна Република Грција. Најголем регион во денешна Република Грција според површина, втор регион според број на население. Грците овој дел го нарекуваат едноставно Македонија , бидејќи сметаат дека тоа е единствениот ентитет кој има право да го носи името Македонија. Ова е една од причините за грчко-македонскиот спор околу името на Република Македонија.
Егејска Македонија зафаќа околу 34.356 km² или околу 51% од територијата на етничка Македонија. На запад се граничи со Албанија преку планините Грамос и Горбеч, на југ и југо-запад оградена од планините Пинд и Олимп се граничи со грчката област Тесалија, на југо-исток е отворена кон Егејското море, на исток преку реката Места се граничи со областа Тракија, а на север се граничи со Република Македонија (Вардарска Македонија) и Бугарија (Пиринска Македонија).