Охридска пастрмка, летница (Salmo Letnica, Karaman 1924), е еднемска форма која живее исклучиво во Охридско Езеро, а по вештачки пат во 70-тите години е населена во уште неколку езера, и тоа во Бајкалско Езеро (Сибир), Власинско Езеро, како и во неколку езера кои се наоѓаат по горниот тек на реката Тенеси, САД. Кај нас освен во Охридско Езеро се среќава и во езерата кои се дел од дримскиот хидросистем, односно во Дебарско Езеро и во езерото Глобочица. Охридската пастрмка е типичен претставник на фамилијата (Salmonidae) и се карактеризира со вретенесто тело, сразмерно голема глава во однос на телото, во устата има ситни заби накосени навнатре, чијашто функција е да ја задржат уловената храна за да не може да избега, односно служат за прифаќање на храната, а не за нејзино раскинување. Бојата не телото е кафеникава до темна, со различни нијанси на грбот, а на стомакот постепено преоѓа во сребреникава. По целото тело е ишарана со крупни црни и со ситни црвени дамки, кои може и воопшто да ги нема (најголемите најчесто се наредени по должината на бочната линија). Најчесто се среќава на длабочина меѓу 20 и 50 метри.
Поради големата длабочина на којашто живее, мимикријата кај овие пастрмки е послабо развиена отколку кај речните форми. На младите единки најчеста храна им се водените ларви, црви и другите ситни организми кои го населуваат езерото, додека со растот (некаде околу 3-4 година од животот, кога тежат 200-400 грама) стануваат предатори, и во таа фаза најчеста храна им се помалите риби, најчесто плашиците, иако неретко се хранат и со помалите единки од сопствениот род. Максималната тежина којашто ја достигнуват е десетина килограми. Се мрестат во периодот декември-февруари во притоките на езерото или на каменестото дно покрај брегот. Природниот мрест се одвива сe послабо, поради загадените корита на притоките на езерото. Оние пастрмки кои сакаат да се мрестат во близината на брегот најчесто стануваат цел на рибокрадците. Во езерото се среќаваат 3 форми на оваа пастрмка, кои се разликуваат меѓу себе само според времето и местото на мрестот.

No comments:
Post a Comment