Friday, March 6, 2009


Егејска Македонија (уште и Приморска или Беломорска Македонија) е дел од етничка Македонија и претставува 51% од географско-историската целост на Македонија во состав на денешна Република Грција. Најголем регион во денешна Република Грција според површина, втор регион според број на население. Грците овој дел го нарекуваат едноставно Македонија , бидејќи сметаат дека тоа е единствениот ентитет кој има право да го носи името Македонија. Ова е една од причините за грчко-македонскиот спор околу името на Република Македонија.
Егејска Македонија зафаќа околу 34.356 km² или околу 51% од територијата на етничка Македонија. На запад се граничи со Албанија преку планините Грамос и Горбеч, на југ и југо-запад оградена од планините Пинд и Олимп се граничи со грчката област Тесалија, на југо-исток е отворена кон Егејското море, на исток преку реката Места се граничи со областа Тракија, а на север се граничи со Република Македонија (Вардарска Македонија) и Бугарија (Пиринска Македонија).




No comments:

Post a Comment